Кои сме ние

Пиши Им претставува алатка за комуницирање со избраните советници во секоја општина во Република Северна Македонија.

Со платформата раководи Фондацијата Метаморфозис.

Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Мисијата на Метаморфозис е да придонесе за развој на демократијата и подобрување на квалитетот на живеење преку иновативна примена и ширење на знаењето. Наши главни вредности се отвореност, еднаквост и слобода.  Метаморфозис започна со работа во 1999 година како дел од програмата за електронско издаваштво на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија. Во 2004 година стана посебен правен субјект.