Статистика по советници
Секој советник може да биде контактиран користејќи ја платформата Пиши Им. Мандатот на советниците е со широк обем, па така, советниците се надлежни за прашања од повеќе категории кои влијаат на животот на граѓаните.
На пример, можете да ги прашате советниците од вашата општина за разни економски прашања, здравствени прашања, социјални услуги, образование во општината, како и за работата на советот, јавни претпријатија и самиот градоначалник.
Ние прибираме статистика за бројот на поставени но и одговорени прашања преку нашата платформа, од секој советник. Советниците кои добиваат повеќе прашања, но и се пореспонзивни кон граѓаните, ќе добијат повисок скор во нашата табела.