ЧПП

За ПишиИм

  1. Дали е ова владина веб-страница?
  2. Тогаш кој си ти и зошто го правиш ова?
  3. Дали испраќањето порака чини пари?

Како функционира ПишиИм?

  1. Како да испратам порака до мојот советник?
  2. Може ли да испратам прилог заедно со мојата порака?
  3. Сакам да ја уредам мојата порака
  4. Како да ја откажам мојата порака?
  5. Можете ли да гарантирате дека мојата порака ќе биде испратена?
  6. Дали можете да ми ја дадете директната е-пошта на мојот советник?
  7. Која е целта на оваа страница, кога повеќето советници веќе ги објавуваат своите е-пошти?

Советници

  1. Зошто не можам да му напишам на кој било советник?

Проблеми

  1. На ПишиИм ја нема мојата општина
  2. ПишиИм ми покажува погрешни советници
  3. Сакам да му пишам на мојот советник, но добив порака дека ја немате неговата е-пошта
  4. Што да направам ако мислам дека нешто тргнало наопаку или ако се појави грешка на страницата?

Приватност

  1. Зошто ви требаат мојата адреса, име, е-пошта и телефонски број?
  2. Што ќе правите со личните податоци што ги користи оваа страница?
  3. Колку е приватна мојата кореспонденција?

Следни чекори

  1. Колку долго треба да чекам за одговор?
  2. Што треба да направам ако мојот советник не одговори?
  3. Добив одговор, но не сум задоволен/на
  4. Добив одговор, но не се согласувам со него
  5. Можете ли да ми помогнете да го решам мојот проблем?

Прашалник и респонзивност

  1. Што е тоа табела за респонзивност?
  2. Се обидувам да го регистрирам мојот одговор, но линкот не работи

Повратни информации

  1. ПишиИм навистина ми помогна. Како можам да ви помогнам јас вам?
  2. Имам предлог за подобрување на ПишиИм

Код

  1. Би сакал/а да водам услуга како што е ПишиИМ. Како би ја креирал/а? Може ли да го користам вашиот софтвер?

Дали е ова владина веб-страница?

Не. ПишиИм е независна веб-страница која ја одржува Фондацијата Метаморфозис.

Ги опфаќа сите единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје и можете да ја користите за да му пишувате на кој било од вашите советници.


Кон горе

Тогаш кој си ти и зошто го правиш ова?

Краткиот одговор е дека ПишиИм го води Фондацијата Метаморфозис, со цел да го олесни контактирањето со вашите локални советници.

За подолг одговор, погледнете ја страницата „За нас“ на ПишиИм.


Кон горе

Дали испраќањето порака чини пари?

Не. „ПишиИм“ е бесплатна услуга и секогаш ќе биде.


Кон горе

Како да испратам порака до мојот советник?

Појдете на почетната страница на ПишиИм. Одберете ја вашата општина и притиснете го копчето „Одбери“.

Ќе ви покажеме список на сите советници од вашата општина.

Изберете го оној на кој сакате да му напишете порака и ќе ве префрлиме до еден едноставен образец во кој можете веднаш да почнете да ја пишувате пораката.

Откако ќе бидете подготвени да ја испратите, кликнете на „Прегледај порака“. Ова ќе ве однесе до екран каде што можете да видите како точно ќе изгледа вашата порака кога ќе ја испратиме.

Ако сè е во ред, кликнете „Испрати“ – или, ако има нешто што сакате да промените, изберете го копчето „Измени порака“.

Секој одговор од вашиот советник ќе пристигне директно во вашето сандаче за е-пошта – затоа ве молиме правилно да ја внесете вашата адреса!


Кон горе

Може ли да испратам прилог заедно со мојата порака?

Не, ПишиИм не ја нуди оваа опција.


Кон горе

Сакам да ја уредам мојата порака

Пред да кликнете на копчето „Задоволен/на сум, испратете ја пораката“, можете да ја уредувате вашата порака онолку пати колку што сакате, со кликнување на „Уреди“.

Откако вашата порака е испратена, таа повеќе не може да се уредува. Сфатете ја платформата ПишиИм како е-пошта – можете да продолжите да уредувате додека не притиснете „Испрати“, но штом ќе го направите тоа, вашата порака е веќе испратена.


Кон горе

Како да ја откажам мојата порака?

Ако сакате да ја откажете вашата порака и да не ја испратите, едноставно ве замолуваме да не кликнете на линкот во е-поштата за потврда што ќе ви биде испратена. Откако ќе ја потврдите вашата порака со кликнување на тој линк, таа веројатно ќе биде испратена речиси веднаш. Нашиот најдобар совет е внимателно да ја прочитате вашата порака пред да ја потврдите.


Кон горе

Можете ли да гарантирате дека мојата порака ќе биде испратена?

За жал, не. Во нашата база на податоци има повеќе од 1600 советници. Е-поштата може да се промени, сандачињата може да се преполнат, советници можат да се променат, а серверите на општината (или нашите!) може да откажат.

Сепак, правиме сè што можеме за да ги откриеме и елиминираме проблемите, затоа ве молиме известете нѐ доколку сте наишле на какви било проблеми.

Се разбира, ќе бидете известени доколку вашата порака не може да биде испратена од која било причина.


Кон горе

Дали можете да ми ја дадете директната е-пошта на мојот советник?

Постојат неколку причини поради кои не ги објавувам е-поштите на советниците на ПишиИм.

  • Имаме заштитни мерки за да спречиме испраќање спам или други навредливи пораки испратени по е-пошта до советниците.
  • Советници во вашата локална самоуправа се надлежни за прашањата кои се под ингеренции на општината. Поради таа причина, нашиот систем ви дозволува да пишувате само до вашите локални советници. Ако ги објавиме сите адреси, нема да бидеме сигурни дека корисниците им пишуваат на советници кои се всушност надлежни за нивните општини.
  • Системот ПишиИм следи (најдобро што може) дали меиловите стигнуваат до нивната крајна дестинација. Ова значи дека можеме да ги поправиме лошите податоци за контакт, наместо да оставиме да не функционираат.
  • Проверуваме дали корисниците добиваат одговор и бараме отчет од советниците ако никогаш не одговорат.

Меѓутоа, ако ви треба е-пошта од легитимни причини, можете да ја најдете на веб-страниците на општините.


Кон горе

Која е целта на оваа страница, кога повеќето советници веќе ги објавуваат своите е-пошти?

Една од основните причини за постоењето на ПишиИм е да им помогне на луѓето да им пишуваат на своите советници, дури и ако не знаат кои се.

Исто така, можете лесно да ја пронајдете е-поштата на вашиот советник/ичка ако случајно знаете кој е тој/таа.

Ако знаете дека сакате да му пишете на некој од власта, но немате идеја како да го сторите тоа, тогаш се надеваме дека ПишиИм ќе ја отстрани таа бариера.

Слично на ова, можеби мислите дека е релативно лесно да ја посетите веб-страницата на вашиот совет и да откриете кои се локалните советници. Ние би рекле дека тоа зависи од веб-страницата на советот. Во некои случаи, полесно е да го користите сервисот на ПишиИм


Кон горе

Зошто не можам да му напишам на кој било советник?

Избраните советници имаат должност да ги слушаат и да одговорат на оние кои живеат во нивните области на одговорност – но тие не можат да се справат со редовната комуникација со целото македонско население. Се обидуваме да постигнеме рамнотежа помеѓу ислушување на луѓето и пополнување на нивните сандачиња со проблеми кои не е нивна задача да ги решаваат.

Не дозволуваме никој да пишува на кој било советник – нашата услуга е само да им овозможиме на луѓето да пишуваат до советниците кои сами ги избрале. Ако дозволиме сите да пишуваат меилови до кој било советник во земјата, професионалните лобисти ќе нѐ искористат за да испраќаат меилови на секој од советниците, на ист начин како што маркетерите испраќаат „џанк меилови“  до колку што е можно повеќе луѓе. Доколку се случи вакво нешто, советниците ќе ги игнорираат сите меилови испратена преку нашата услуга, наместо да ѝ веруваат како извор на вистински меилови од вистински гласачи. А главните губитници во ова би биле вистинските гласачи со реални проблеми.


Кон горе

На ПишиИм ја нема мојата општина

Ве молиме проверете темелно, користејќи различни прелистувачи и уреди. Можете привремено да оневозможите одредени додатоци на прелистувачот, кои потенцијално влијааат на начинот на кој веб-страниците се прикажуваат на вашиот компјутер.

Доколку ова не помогне, ве молиме контактирајте нѐ и известете нѐ која општина недостига или која е страницата што предизвикува проблеми.


Кон горе

ПишиИм ми покажува погрешни советници

ПишиИм секогаш треба да ги прикажува советниците од вашата општина: кога ќе ја изберете вашата општина, ќе бидат прикажани само советниците од таа конкретна општина.


Кон горе

Сакам да му пишам на мојот советник, но добив порака дека ја немате неговата е-пошта

Со над 1600 советници во нашата база на податоци, ова понекогаш се случува. Можеби вашиот избран советник ја променил својата  е-пошта или можеби е-поштата што ја имавме за нив ја врати пораката назад.

Во секој случај, можете да ни помогнете. Ако имате неколку минути, ве молите пребарајте активна е-пошта, а потоа испратете ни ја. Ние ќе можеме да ја ставиме во системот и ќе им помогнете на сите други што сакаат да му испратат е-пошта на тоа лице. Сметајте го ова за едно ваше добро дело во денот.

 


Кон горе

Што да направам ако мислам дека нешто тргнало наопаку или ако се појави грешка на страницата?

Ве молиме известете нѐ. Вклучете го и текстот на која било порака за грешка што сте ја примиле и ве молиме потенцирајте дали сте на десктоп или мобилен уред и каков прелистувач користите (на пр. Internet Explorer, Firefox, Chrome, итн.).


Кон горе

Зошто ви требаат мојата адреса, име, е-пошта и телефонски број?

  • Најпрво за да му овозможите на избраниот советник да стапи во контакт со вас и да помогне пораката што е испратена да изгледа повеќе како формално писмо. Имајте предвид дека внесувањето на вашиот телефонски број е незадолжително, но препорачливо. Понекогаш советниците повеќе би сакале да ви се јават отколку да ви пишуваат.
  • Второ, да ни овозможите да ви испратиме копија од вашата порака за ваша евиденција и да ве известиме дали имало проблем со испраќањето.
  • Трето, да ни овозможи да потврдиме кои сте и дека живеете во одредена област. Ние се грижиме оваа услуга да се користи на одговорен начин од сите. Затоа ја креиравме одговорно.

Кон горе

Што ќе правите со личните податоци што ги користи оваа страница?

Ве молиме погледнете ја нашата посебна страница за Приватност.


Кон горе

Колку е приватна мојата кореспонденција?

Ако сè се одвива без проблеми со вашата порака, таа ќе ја гледате само вие и нејзиниот примач. Некои советници имаат и персонал кој ќе им помогне со нивните меилови.

Ако има проблем со вашата порака, на пример, таа се враќа назад или нашиот систем означува дека е потенцијална злоупотреба на страницата, тимот за поддршка на ПишиИм може да ја прегледа. Под овие околности, читаме што е можно помалку од содржината за да го решиме проблемот и, доколку е соодветно, да ја испратиме вашата порака.

Според нашата политика за приватност, вашата порака целосно се брише од нашиот систем по пет недели.


Кон горе

Колку долго треба да чекам за одговор?

Советниците можат да ви испратат одговор само две недели по испраќањето на пораката.

Сметаме дека ова е разумна временска рамка и секако добиваме голем број одговори со „да“.

Доколку не сте добиле одговор во овој временски период, видете го следното прашање.


Кон горе

Што треба да направам ако мојот советник не одговори?

Има многу работи што можете да ги направите за да го следите вашето барање ако не добиете одговор од вашиот советник.

  • Посетете го вашиот советник лично, поставете им го вашето прашање директно ним во нивната локална канцеларија. Јавете се во општината на вашиот советник или во партиската канцеларија за да го договорите ова. Можете да го најдете бројот во телефонски именик или на веб-страницата на општината.
  • Осигурајте се дека сте ги презеле сите други насоки на дејствување за да го поставите вашето прашање или да го решите вашиот проблем. На пример, контактирајте со релевантниот оддел на централната власт и релевантните службеници во вашата општина. Прашајте го вашето локално биро за советување граѓани.
  • Напишете писмо до вашиот локален весник за вашето прашање и за вашето незадоволство од советникот.
  • Напишете писмо до другите ваши претставници, како што се вашиот пратеник, доколку е соодветно.
  • Пожалете се од вашиот советник во нивната локална партија. Контактирајте ја локалната партиска канцеларија. Локалната партија има моќ да не го избере вашиот пратеник за кандидат за следните локални избори.

Кон горе

Добив одговор, но не сум задоволен/на

Ако не сте задоволни со одговорот, би ве советувале да пратите дополнителна порака, да направите телефонски повик или да појдете во локалната канцеларија.

Ако е-пошта е ваш претпочитан начин на комуникација, секако можете да испратите дополнителна порака преку ПишиИм. Само ако гласачите им кажат на своите советници што очекуваат од нив, во однос на комуникацијата како и во однос на сите други работи, тие ќе знаат дека некои луѓе се незадоволни од нив.


Кон горе

Добив одговор, но не се согласувам со него

Вашиот советник (се разбира) не е должен да се согласува со вашите ставови, но тој или таа е должен да ги слуша и да ги земе предвид дури и ако не се согласува.


Кон горе

Можете ли да ми помогнете да го решам мојот проблем?

Извинете, но не. ПишиИм е средство за да контактирате со луѓето кои се таму за да ви помогнат. Ќе направиме сѐ што можеме за да помогнеме да се пренесе вашата порака, но потоа зависи од вашите советници.


Кон горе

Што е тоа табела за респонзивност?

Табелата за респонзивност беше годишно рангирање на советниците според тоа колку тие беа респонзивни на пораките од своите гласачи. Го прекинавме ова во 2017 година и пишувавме за ова и за нашето истражување за мерките за замена.


Кон горе

Се обидувам да го регистрирам мојот одговор, но линкот не работи

За жал, нашите линкови се прекинуваат во некои програми за е-пошта.

Обидете се да го копирате линкот во полето за адреси на вашиот прелистувач. Ако тоа не функционира, проверете дали има очигледни проблеми во линкот, на пример, празно место или прекин на линкот помеѓу знаците.

Ако ниту еден од овие совети не помогне, ве молиме испратете ни ја целата е-пошта, вклучувајќи го и линкот, и ние ќе се обидеме да најдеме решение.


Кон горе

ПишиИм навистина ми помогна. Како можам да ви помогнам јас вам?

Многу ни е драго што го слушаме ова!

Ако сакате да ја покажете вашата благодарност, ве молиме размислете да направите донација за Фондацијата Метаморфозис, која го изгради и одржува ПишиИм.

Можете исто така многу да ни помогнете со ширење на веста за оваа страница. Кажете им на сите ваши пријатели, пишете до локалните медиуми или оставете коментар на социјалните медиуми. Сето тоа помага.


Кон горе

Имам предлог за подобрување на ПишиИм

Сакаме да го слушнеме. Не двоумете се да нѐ контактирате.


Кон горе

Би сакал/а да водам услуга како што е ПишиИМ. Како би ја креирал/а? Може ли да го користам вашиот софтвер?

Како и повеќето проекти на Фондацијата Метаморфозис, и mySociety, кодот на ПишиИм е отворен и бесплатен за секој што може да го користи. Меѓутоа, во моментов ги советуваме луѓето дека поновиот софтвер WriteIt ги исполнува истите функции и е многу полесен за инсталирање.

WriteIt е дел од проектот Poplus, иницијатива која поттикнува заедничко, колаборативно кодирање за демократски цели. Прочитајте повеќе за тоа и WriteIt.


Кон горе