Распуштање на советот

Еднаш конституираниот совет може да се распушти во случај кога за тоа ќе се изјасни мнозинството од вкупниот број членови на советот. Меѓутоа, советот се распушта и во случај кога:

  • повторно ќе го донесе прописот што претходно Уставниот суд на Република Северна Македонија со одлука го поништил или укинал;
  • ќе донесе одлука со која се загрозува суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Северна Македонија;
  • нема да се состане, односно нема да се одржи седница за период подолг од шест месеци;
  • нема да го донесе буџетот и годишната сметка на буџетот до 31 март во тековната година.

Во случај да настане некој од претходните случаи, односно да дојде до распуштање на советот, работите на советот, до избор на нов совет ќе ги врши градоначалникот. Меѓутоа, градоначалникот, при вршењето на работите што се во надлежност на советот, нема да може да донесува одлуки за прашања што се однесуваат на располагањето со сопственоста на општината, а тоа значи дека не може да донесува одлуки:

  • за продажба на имот на општината;
  • за набавка, односно купување;
  • за донесување прописи за кои е надлежен советот;
  • во случај кога тој или негов брачен другар, деца или роднина до втор степен во странична линија имаат финансиски или друг личен интерес.

Можете да прочитате повеќе на следните ресурси:

Закон за локалната самоуправа (.pdf)

Прирачник за градоначалниците и советниците за надлежностите на локалната самоуправа (четврто издание) ЗЕЛС (.pdf)