Комисии на советот

Надлежноста на советот е голема и е од различни области, затоа ќе има потреба да се формираат постојани или повремени комисии, како тела на советот. Кои комисии ќе се формираат и колкав ќе биде бројот на членовите одлучуваат самите советници со Статутот на општината. Обично, комисиите се формираат за определена област или за повеќе сродни области и при изборот на членовите се внимава тие да ја познаваат таа област. Советот, на предлог на градоначалникот, ги донесува буџетот и годишната сметка на општината.

Пример: На дневен ред е донесување програма за одржување на хигиената на јавно-прометни површини. Комисијата за комунални дејности, која ја формира советот, откако претходно ќе ја разгледа таа програма, може да му предложи на советот поинакви решенија од тие што се нудат,
или да ја дополни програмата со нови решенија.

Се донесува урбанистички план, а Комисијата за урбанизам и за градежништво, сигурно, ќе даде свој придонес во донесувањето квалитетен план.

Бидејќи советот е составен од советници што припаѓаат на различни политички партии, при составувањето на комисиите треба да се запази пропорционалната застапеност на сите политички партии што имаат свои членови во советот.