Надлежности на советот

Советот на општината, составен од претставници на граѓаните, е надлежен да:

  • донесува статут на општината и други прописи;
  • донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
  • ја утврдува висината на сопствените извори на приход за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
  • основа јавни служби во рамките нa надлежноста на општината и да врши надзор над нивната работа;
  • именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
  • усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби што ги основа општината;
  • ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;
  • решава за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес, а од локално значење, во согласност со законот;
  • ги усвојува извештаите за работа и годишните сметки на јавните служби, кои ги основа општината;
  • решава за начинот на располагање со сопственоста на општината;
  • решава за начинот на вршење финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со законот;
  • го избира лицето што ја раководи подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со законот;
  • го разгледува и го усвојува извештајот за јавна безбедност на подрачјето на општината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и до народниот правобранител;
  • дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот.

Советот на општината, во рамките на својата надлежност, донесува прописи, меѓу другите, кои се однесуваат на културата, употребата на јазиците и на писмата на кои зборуваат помалку од 20 проценти од граѓаните на општината и утврдување на употребата на грбот и на знамето на општината. Овие прописи ќе бидат донесени доколку за нив гласало мнозинството од присутните, при што мора да има мнозинство гласови од присутните членови на советот што припаѓаат на заедницата што не е мнозинско население во општината.