Седници на советот

Свикувањето на седниците се прави со доставување решение со предлог-дневен ред, кое се доставува до членовите на советот.

Работата на седниците е јавна. Со тоа се дава можност граѓаните да бидат информирани за работењето и за одлуките што се донесуваат, а кои, секако, се во функција да се овозможи остварување на правото на локална самоуправа на граѓаните. Има ситуации или прашања за кои ќе расправа советот на кои може да се исклучи јавноста на седниците.

За да не дојде до злоупотреба на ова право, потребно е во статутот на општината да се предвидат тие прашања и да се дадат оправдани причини. И покрај предвидувањето на овие прашања во статутот, секогаш е потребно советот да донесе одлука за исклучување на јавноста, која, пак, се донесува со двотретинско мнозинство од вкупниот број членови на советот. Меѓутоа, јавноста не може да се исклучи ако советот расправа за буџетот на општината, годишната сметка на буџетот и за урбанистичките планови. Во овие случаи, напротив, потребна е што поголема отвореност за да можат граѓаните да видат каде и како се трошат парите што ги плаќаат преку даноците, таксите и надоместоците. Притоа, законска обврска е да се вклучи јавноста кога се донесуваат урбанистички- те планови.